Во Охрид ќе врие од Бугари за Нова Година

 

Охридските угостители и хотелиери забрзано се подготвуваат за пречек на гостите кои ќе се веселат во охрид за најлудата ноќ во годината.

Состанок одржа Здружението на угостители „Охридски еснаф“, на кој беа покренати повеќе прашања за подобрување на квалитетот на услугите во градот. Со заедничка заложба на сите угостители, се преземаат активности за подигнување на туристичката понуда на едно повисоко рамниште, за што оценка нивна е дека е потребна поголема координираност со локалната самоуправа.

- Согласно параметрите во моментов, очекуваме добра посетеност за Новогодишните празници. Секој од угостителите и хотелиерите ќе дадат свои поволности во смисла на збогатување на понудата, независно дали ќе бидат тоа настани за збогатување на понудата или пак поединечно со номинално намалување на цените. Сметам дека Охрид ќе излезе со позитивна оценка по ноговодишните празници, истакна Михаил Мишев, претседател на здружението „Охридски еснаф“.

Според информациите од хотелите на Охридската ривиера, сите сместувачки капацитети веќе отсега можат да се пофалат со одлична исполнетост, со тоа што во некои од нив како што се „Белведере“ и „Милениум“ веќе нема слободни места за Новогодишните празници. 

Полн е и хотелот „Белведере“ со гости претежно од Црна Гора, Бугарија и Албанија, по цена од 302 евра за две лица на режија три полупансиони со вклучен свечен дочек и реприза на 1 јануари.

И кафулињата и ноќните клубови очекуваат добра посетеност за новогодишните празници, со тоа што и оваа година се најавени одредени намалувања на цените. Така на пример дочекот на Новата година во ноќниот клуб „Ликвид“ ќе чини 1.200 денари со ладна закуска, апетисани, овошје и четири пијалоци, илјада денари во „Објектиф“со вклучено неограничено јадење и два пијалоци. Во другите локали вообичаено е да се работи со отворен влез, со редовни цени на пијалоците.

18.12.2013 - 12:04
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега