Исчезнуваме: Само лани бројот на Македонци се намалил за 3.500

Бројот на живородените деца во земјава во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4 185 и во споредба со истиот период од претходната година, е помал за 4.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5 028 лицa, што е за 1.5 % помалку од 2023 година. 

Природниот прираст е негативен - 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 2 824 бракови, за 1.6 % повеќе во споредба со истиот период од
2022.

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови

На годишно ниво имаме 16313 родени бебиња и 19738 умрени лица. Негативниот прираст изнесува 3.425

Од општините каде што доминира население од македонски етнички состав во позитива е само Центар. Катастрофална е состојбата во Битола каде само за 3 месеци умреле 120 луѓе повеќе од бројот на родените кој и онака бил мал, односно само 171 живоредено бебе за 3 месеци.
Во Скопје најдобро стои Чаир каде што во последните 3 месеци се родиле скоро 70 деца повеќе од бројот на починати лица, односно се родиле 208 деца а регистрирани се 139 смртни случаи. Слично е и во Сарај каде има 60 лица повеќе за 3 месесци. Од поголемите градови во позитива се Кичево и Тетово

28.02.2024 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега