Делегација од МО во посета на Германија

 

 

Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија од вчера престојува во СР Германија, каде учествува на штабните разговори и билатералните консултации помеѓу двете земји.

Делегациите од МО на Македонија и на Германија ќе се запознаат и со трансформацијата на Бундесверот, како и реформските процеси во рамки на Армијата на Република Македонија.

Билатералната соработка помеѓу двете земји, нејзиниот развој и унапредување, исто така ќе биде тема на која разговараат раководителите на Секторот за меѓународна соработка и Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка, Беким Максути и Блерим Укали, Шефот на кабинетот на МО, Илир Селмани, советникот на МО, Илбер Села и шефот на Секцијата за меѓуармиска соработка во АРМ, полковникот Зоран Секуловски со делегацијата од СР Германија, предводена од полковникот Олаф Ронде.

18.12.2013 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега