ФЗОМ: Ние не ни знаевме дека Леонид со хеликоптер ќе оди во Австрија - може да се рехабилитира дома
Фондот за здравство тврди дека воопшто не би известен дека Леонид Индов со хеликоптер ќе биде префрлен на лекување во Австрија.
„ ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Р. Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство.
Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки.
Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.
Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ од каде на сопствена иницијатива на семејството е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги кои се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија.
ФЗОРСМ ниту беше известен, ниту пак учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството. “ – се вели во соопштението на Фондот за здравство.
Од ФЗОМ велат дека немаат надлежност да испраќаат пациенти на рехабилитација во странство, особено ако тоа може да се направи во Македонија
„По однос на донесената Одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Имено, Одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот Предлог за упатување во странство воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција која е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација.
Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација.
Постапувајќи по барањето, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука. “ – објаснуваат од Фондот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа