Деонин Мејдани ќе биде нов албански амбасадор во Северна Македонија

 

Нов амбасадор на Република Албанија во Северна Македонија ќе биде Деонин Мејдани.

Мејдани пред членовите на парламентарната комисија за надворешна политика ја презентирал неговата платформа и ја добил поддршката од Комисијата.

-Северна Македонија не е само добар сосед, туку е партнер, сојузник и поддржувач на заедничкото патување во регионалните и евроинтегративните процеси, изјавил, меѓу другото, пред членовите на Комисијата, чиј претседател е Мими Кодели.

На расправа одржана преку онлајн платформата „Зум“, тој нагласил дека еден од неговите приоритети е зајакнувањето на регионалната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји.

-Потпишаните договори меѓу двете влади не само што дополнително ги институционализираа нашите односи, туку влијаеја и ќе продолжат значително да влијаат на подобрување и олеснување на животот на нашите граѓани. Соработката треба да ја сметаме за успешна приказна. Со визија и храброст, заеднички се преземаат сериозни реформи. Регионалната соработка ќе биде мој приоритет. Односите меѓу нашите две земји се пример за соработка во регионот и ветувам дека ќе се заложам за унапредување на овие односи понатаму, нагласил тој.

18.02.2024 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега