Срби се степале на скопскиот аеродром – полицијата ги приведе

 

Двајца српски државјани се приведени вчера на Меѓународниот аеродром во Скопје откако претходно се степале.

-Вчера во 18.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.Ј.(41) и 28-годишната К.Ј.(28), двајцата од Република Србија, затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

17.02.2024 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега