Трагедија во Загреб: Син загина во пожар, таткото спасен од пожарникарите
Загрепската полиција ги истражува причините за пожарот во куќата на Максимир, во кој синоќа едно лице загина, а друго е повредено.
Според првите полициски информации, пожарот, синоќа, околу 23 часот избувнал во семејната куќа во улицата Зелени кут од засега неутврдена причина, пишува „Индекс.хр“.
Едното лице во безживотна состојба е изнесено од куќата, а на другото, поради вдишување чад, му била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб, соопшти кусо загрепската полиција. Во тек е истрага по што ќе се знаат повеќе информации за пожарот, односно како точно се случил, пренесуваат хрватските медиуми.
„Н1“ неофицијално дознава дека настрадал синот на сопственикот на куќата, а сопственикот е повреден. Пожарникарите биле повикани од соседите кога забележале дека гори куќа на нивната улица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа