Бидејќи сега се издаваат бесплатно: Ќе им се враќаат пари на тие што платија за нови возачки?
Изборни додворувања за излез од хаосот што сами го приредија, владата во обид за излез од кризата со личните докумнети. Замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатана за граѓаните, а нула денари ќе бидат и патните листови.
Задолжитела стана НМК налепницата на регистарските таблички, а меѓународниот код МКД на сообраќајните дозволи е валиден и не се менува. Од владата признаваат дека граѓаните кои веќе извадиле документи на свој трошок се дикриминирани – се бара чаре за нивно обештетување.
Собранието го измени законот со кој возачките дозволи со старото име на државата ќе важат до нова година, но само за внатрешна употреба. Налепниците со кодот НМК, пак, веќе се потрошија, а онаму пак каде што сè уште ги има ѓраѓаните велат процедурата оди брзо.
Околу 350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед, но од Министерството за внатрешни работи велат немаат точна бројка за колку возила се потребни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа