Судскиот совет ќе формира Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 477. седница на која ќе расправа за повеќе точки меѓу кои и за утврдување на конечна ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип.
Членовите на советот треба да формираат Комисии за подготвување на кандидатски листи како и за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во Република Северна Македонија.
На седницата предвидено е да се донесе одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Струга како и да се постапува по одлука на Управен суд.
Судскиот совет, меѓу другото, предвидено е да одлучува по известување од Комисија на известители по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд како и да формира Комисии по поднесени Барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа