Вработена на Психијатрија снимала пациентка па ја објавила снимката
СВР Тетово, поднесе кривична пријава против А.А. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.
На 28.11.2023 пријавената, вработена како хигиеничарка, во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа видео снимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката.
09.02.2024 - 16:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа