Три лица нападнале и ограбиле момче од Кавадарци
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.М.(24), И.Н.(29), двајцата од Кавадарци и С.Р.(19) од Неготино поради основи на сомневање за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик.
На 24.10.2023 во близина на бензинска пумпа во населба Глишиќ во Кавадарци, пријавените физички го нападнале Ф.Н.(23) од Кавадарци и му го одзеле мобилниот телефон.
08.02.2024 - 20:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа