Унгарија испраќа 31 полицаец на границата меѓу Србија и Македонија

 

Унгарија испраќа 31 полицаец на границата меѓу Србија и Северна Македонија за да помогне во борбата против илегалната миграција, соопшти вчера државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Унгарија, Бенце Ретвари, цитиран од „Данас“.

Унгарската полиција не ја штити само границата на една земја, туку и на цела Европа. Полицајците презедоа тешка задача, бидејќи во наредниот период ќе ја чуваат 113-километарската граница меѓу Србија и Северна Македонија, која е дел од главниот пат на илегалната миграција“ -  се вели на веб-страницата на унгарската полиција.

Соработката е долгогодишна“ -  истакнува Ретвари и „ова е втор контингент унгарски полицајци кои ќе служат во Србија“.

Според него, унгарската полиција е посветена на спречување илегални преминувања на мигранти на територијата на Европската унија и за таа цел им понудила поддршка на земјите од Западен Балкан.

Главната задача на унгарската полиција е спречување и откривање на илегални гранични премини, патролирање на патиштата во непосредна близина на границата, како и соработка во откривање на трговци со луѓе и илегални мигранти - истакна Ретвари.

Унгарските полицајци кои ќе служат во Србија ги извршуваат своите должности под контрола и надзор на органите за спроведување на законот во земјата домаќин, додаде Ретвари.

 

08.02.2024 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега