Со 55 гласа „за“ е одлучено: Се забранува казина и обложувалници на 500 метри од училиштата

Со 55 гласа за, Собранието го донесе законот за игри на среќа.

Според него се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата.

Опозицијата побара точката да се тргне од дневен ред на денешната седница, а откако не беше овозможено ја напушти салата, а приредувачите на игри на среќа протестираа пред Собрание, зашто сметаат дека ваквите измени ќе ги затворат обложувалниците и ќе ја уништат нивната индустрија, а 10.000 луѓе ќе останат без работа.

Побараа од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот.

07.02.2024 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега