Маричиќ: РСМ има многу пријатели на патот кон ЕУ

 

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше средба со претставниците од Германскиот Бундестаг.

„Денес ја имавме таа можност да ги угостиме трите претставници на Германскиот Бундестаг, предводник на делегацијата е нашиот добар пријател, Јосип Јуратовиќ, претставникот на СПД кој досега бил повеќе пати во Северна Македонија, заедно со други претставници од Бундестагот, и посебно ми е драго дека се денес тука со нас. 

На средбата, изразив голема благодарност за Резолуцијата на Бундестагот за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет. Тоа го сфаќаме како едно признание, уважување и потврда за она што ние го тврдевме долго време дека треба да влеземе со поголема самодоверба во процесот на евроинтергации, дека не постои начин процесот на евроинтгерации да го загрози нашиот јазик, идентитет и култура“, изјави Маричиќ по средбата за медиумите.

„Ги изложивме сите нашите напори кои ги направивме со текот на Скринингот и со сите чекори поврзани со европските прашања, од почетокот на преговорите од минатото лето до денес, му претставивме и на господинот Јуратович и на другите претставници од Бундестагот, што е она што сме го направиле со реформите, и со планот за раст. 

Секако дека има уште многу да направиме, но дека сме на правиот пат, секако дека му ги претставив во однос на претстојните избори дека постојат два политичи блока оние кои се за брзо членство за ЕУ и оние кои се против тоа.

Наша цел е да покажеме дека Северна Македонија има многу пријатели и подржувачи на овој пат, дека Германскиот Бундестаг е нашиот сојузник на патот кон Европската Унија и со такви пријатели, заедно треба да го продолжиме нашиот пат и што поскоро да станеме членка на ЕУ“, дополни Маричиќ. ​

07.02.2024 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега