Влада: Исплатени се ученичките и студенстките стипендии за 2023-2024

Сите ученички и студентски стипендии се исплатени. Исплатата се однесува на сите постојни корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година. Стипендиите се исплатени заклучно со јануари, информираат од Владата.

Во соопштението на Владата се вели дека исплатата на новите корисници на стипендија ќе почне во текот на неделава. Исто така замолуваат до сите засегнати субјекти да ги црпат информациите од надлежните институции кои располагаат со детални и точни информации, со цел навремено, прецизно и точно информирање на јавноста и секако на учениците и студентите.

Во соопштението на владината прес служба се додава: „Владата е посветена на унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, и за тоа доказ се сите преземени активности во изминатиот период како што се пред сè зголемувањето на износите на стипендиите кои се изедначени на ниво од 6.050 денари месечно, односно се со пораст во однос на тоа што претходно се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари. Вкупниот годишен буџет за оваа намена – доделување на студентски стипендии се зголеми за 65 проценти. Претходно на годишно ниво се исплаќаа 117 милиони денари, а во 2021 се исплатија 179 милиони денари и овој тренд продолжи и во 2022 и 2023 година“.

Воедно, потсетуваат од Владата, воведени се нови категории студентски стипендии во 2022 година и тие изнесуваат и до 18.000 денари месечно, за оние кои се запишани на додипломски студии од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните науки на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјата.

- Оваа Влада првпат воведе субвенциониран оброк за студентите. Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк доделуваме финансиски средства на сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на нашата земја, тоа се 30.000 студенти кои добиваат вкупен месечен износ од околу 3.000 денари, велат од Владата.

05.02.2024 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега