Вистинска пролет во февруари:Сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 15 степени.

Од УХМР информираат дека и во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

05.02.2024 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега