По пауза од 7 години проф. д-р Никола Тупанчевски е новиот македонски амбасадор во Белград

Новоименуваниот вонреден и ополномошен амбасадор на Република Северна Македонија во Белград, проф.д-р Никола Тупанчевски денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ, на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма, јави дописникот на МИА од Белград.

Предавањето на акредитивните писма на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преставува формално отпочнување на можноста соработката меѓу овие две држави да биде подобрена и истовремено да се надгради. Ова е вистински момент. И во своите тези што ги бранев пред македонското собрание напоменав дека се работи за период што има ренесансен карактер и кој во иднина треба да преставува иницијална каписла во остварувањето на сите замислени можности и форми за соработка“ - изјави амбасадорот Тупанчевски.

Проф.Д-р Никола Тупанчевски со предавањето на акредитивните писма, по пауза од седум години, стана шести македонски амбасадор во Република Србија

02.02.2024 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега