Герасимовски: Детското игралиште во близина на Градската болница доби нови реквизити

 

Општина Центар продолжува со реконструкција на детските игралишта.

Детското игралиште во близина на Градската болница кај поранешен „Јукан“ има комплетно нови реквизити, а реконструирана е и подлогата. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека новите реквизити, односно лизгалка, 2 лулашки и 4 коцки за качување на ова детско игралиште, ќе ги вратат детската смеа и детскиот џагор во овој дел од населбата. На игралиштето извршена е и санација на две клупи за седење и следење на детската игра.

„Во убавите сончеви денови на ова детско игралиште повторно ќе ечи детската смеа. Вложувањето во детски реквизити за правилен раст и развој е вложување во здравјето на нашите дечиња. Затоа од минатата година реконструиравме неколку детски и спортски игралишта, со цел да обезбедиме катчиња за децата и нивна безгрижна игра“, порачува Герасимовски.

Општина Центар изминатиот период ги реконструира детските игралишта кај Градскиот ѕид кај „Коктел бар“, во близина на Зелен пазар, детското игралиште на улицата Славејко Арсов на Водно, детските и спортските игралишта во Капиштец и направи ново мало фудбалско игралиште кај „Кам маркет“ во Дебар Маало и ново инклузивно детско игралиште во близина на трговскиот центар „Зебра“. Периодов се демонтира и малото фудбалско игралиште во близина на зградата на ССМ и ќе бидат поставени нови голови, подлога и нова ограда.

01.02.2024 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега