Спасувачка акција на ЦУК: Турчин се заглавил меѓу Коњарево и ГП со Бугарија
Спасен е заглавен турски државјанин меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија, информира ЦУК.
Имено, по добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во пределот меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што граничната полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти центарот.
Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природата, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови, на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа