(ВИДЕО) Официјално: Горат три бараки - гаснат 15 пожарникари во Драчево

Пристигна и официјална потврда за информациите кои претходно ги изнесовме во врска со пожарот кој избувна на кровот на една барака во Драчево, а веднаш потоа се проширил на уште две. 

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека околу 17:25 часот е започнат пожар на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско. Во моментот има информација дека  пожарот е проширен и бие зафатени три бараки (куќи). Интервенираат 15 пожарникари со 6 ПП возила од БППЗ на Град Скопје.

-Екипите на БППЗ на Град Скопје во 20:15 часот се уште се на терен, известија надлежните служби. За среќа, нема повредени во вечерашниот голем пожар во трите бараки во Драчево. 

Екипа на Прес24 е на местото на пожарот и го следи неговото одвивање и акцијата на надлежните. За сите новости, ќе информираме од минута в минута во текот на целата вечер. 

30.01.2024 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега