Битолската полиција потврди: Се судрија комбе товарено со работници и „пежо“
Од СВР Битола официјално излегоа со соопштение до јавноста за тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар. Според официјалните информации, се судри комбе товарено со 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо“.
Битолчанецот К.К. (42), совозачот на патничкото возило пежо, го загуби животот, а 20 лица се со телесни повреди во сообраќајната несреќа.
Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.
-Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, информираа од СВР Битола.
Во меѓувреме, расте бројот на пациенти кои побарале лекарка помош во битолската клиничка болница. Директорката за Прес 24 информираше дека моментално на хирургија бил хоспитализиран возачот на комбето на работниците.
На Хирургија до овој момент биле прегледани седум пациенти, меѓукои и шоферот.
13 пациенти биле прегледани од ортопед, но на овој оддел нема хоспитализирани, бидејќи сите имале телесни повреди.
Според официјални информации, девет пациенти биле насочени и на неврохирургија, каде им е пружена неопходна медицинска помош.
Директорката кажа дека сите лица кои поминале во болницата поради сообраќајката се надвор од животна опасност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа