ФОТО: Лидија Кочовска „стана“ докторка?

Актерката Лидија Кочовска на својот профил на Фејсбук ставила фотографија облечена како докторка. Под фотографијата немало опис, но затоа има неколку интересни коментари кои ќе ве насмеат од срце.

За Курир актерката го открива поводот за прикачената фотографија.

-Тоа е мојот изглед за една од улогите на најновиот проект, мјузиклот „Пенелопе икс“ кој вечерва во Македонската опера и балет ја има својата перемиера. Автор е композиторот Никола Коџабашија, а режијата е на Миа Тајл Хајве од Данска, изјави Лидија за Курир.

И покрај преголемите ангажмани Лидија празниците ќе ги помине во Холандија заедно со нејзината сестра Тања. Освен уживањето во празничната атмосфера, Лидија дел од своите хитови  во Утрехт, Холандија ќе ги препее на англиски јазик.

17.12.2013 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега