Чомовски: Ни Мицкоски ни Ковачевски не покажаа храброст или политичка зрелост да разговараат за важните прашања

 

Александар Чомовски во вечерашната емисија на Само Вистина рече дека само губитници се агресивни, потенцијалните победници се обидуваат да останат на рамништето на добивање на неопределени, неизвесни ситуации.

„Иако Мицкоски некогаш не паѓа подолу од агресивноста, ни Мицкоски, ни Ковачевски не покажаа храброст или политичка зрелост да разговараат за важните прашања, народот ќе го изрелаксираа бидејќи политиката е пред се компромис, а ни едниот ни другиот особено што премиерот во заминување не успеја да ја анимира спотивставената опција на страната на заедничкото добро и стратешките цели на државата“, рече тој.

Чомовски вели дека главниот именител за изборите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде „овие ништо не направија“, а на СДСМ ќе биде „што ни оставивте“?

„Што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ со Бехтел и Енка, со хидрисистемите што пропаднаа, тендерот со Чебрен пропадна, никој не нуди решение, ниту власта а ниту пак Мицкоски кој е експерт за таа дејност. Го направивме преспаснкиот договор, станавме членка на НАТО? Мицкоски бара фондови, еве стигаат фондовите, и 500 милиони евра да бидат -толку чини еден пат. Борисов беше паметен, зема 17 милијарди и направи 600 километри пат“, рече Чомовски.

За случувањата во М-НАВ, тој вели дека независно дали тепачката била во предворјето, во ходникот, се чуди како не е спроведена кривична пријава.

„Да беше некаде во странство, замислете какви реакции ќе имаше“, рече Александар Чомовски во Само Вистина.

26.01.2024 - 21:16
Фото: 
Принтскрин Само Вистина

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега