Се враќа ли платата во плик?

Синдикалците предупредуваат дека Министерството за труд и социјална политика е иницијатор на Законот за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности.

Дел од оние кои ќе бидат опфатени со овој Закон се земјоделските дејности, градежен сектор, услужни дејности поврзани со подготовка на храна и дејности со сместувачки капацитети.

Според Кристина Ампева од Гласен Текстилец – Штип, враќањето на платата во плико ќе доведе до целосна анархија и можност 12 часа пред истекот на договор да им се каже на работниците дека по истекот на истиот тие остануваат невработени.

Наместо да се создава здрава средина за бизнисите и да има здрава конкуренција, се форсира сива економија, што не враќа не знам колку години наназад кога се боревме против плата во плик, да биде евидентирана работата, да биде платена соодветно, да немаме сива економија - изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец- Штип

Ампева ги повика пратениците од сите политички партиии да гласаат против, зашто еден ден ќе мора да ги погледнат работниците во очи. 

25.01.2024 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега