Без струја делови од скопски општини
„ЕВН Македонија“ АД извести дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Чаир, Карпош и Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат дел од корисниците од улиците Максут Садик, Стојко Јовановски, Џон Кенеди и Пере Тошев, а во периодот од 9 до 13 часот дел од корисниците од улиците Џон Кенеди и Серава во општина Чаир.
Во периодот од 9 до 14 часот дел од корисниците од улицата Леринска, како и корисниците од улиците Ловќенска и Стрезовска, поточно објектите лоцирани околу германската амбасада во општина Карпош, ќе немаат струја.
Во периодот од 10 до 14 часот корисниците од улицата 1515 во населбата Пинтија, лоцирани над училиштето во општина Кисела Вода, ќе останат без електрична енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа