Град Скопје за Мицкоски: Жалиме што човек кој претендира за премиер се уште не знае основни финансиски операции

 

Жалиме што човек кој претендира на премиерската функција се уште не знае основни финансиски операции иако во јавноста сака да се претстави како економски експерт, реагираат од Град Скопје на интервјуто на Телма на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Христијан Мицкоски треба да знае дека во државните институции декемвриската плата се исплаќа во јануари. Во декември се исплаќа ноемвриската, а во ноември октомвриската. Токму затоа гласаа советниците за субвенции во ноември. Што се однесува до износот на субвенциите, Мицкоски треба да биде чесен и да не ја штити владата на СДСМ и ДУИ кои веќе трета година не ги исплаќаат обврските за бесплатниот превоз и студентскиот стандард. Треба да биде чесен и да каже дека од 2002 година не е покачена цената на билетите, додека цената на енергенсите од тогаш е зголемена на 500%, а платите на вработените во ЈСП за 300%. Град Скопје за прв пат по децении со сопствени средства ги финансира сите активности на ЈСП, со цел континуирано и непречено функционирање на јавниот градски превоз и покрај сите опструкции, се вели во реакцијата од градската администрација.

Според Град Скопје, срамот кој ВМРО-ДПМНЕ го доживеала во Советот не се пере со ниту една лага или манипулација.

24.01.2024 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега