Патници на „Визер“ со часови заглавени на аеродром во Хамбург без известување за летот кон Скопје, за едни е одложен за други откажан

 

 

Македонскиот спортски новинар Горан Антевски на својот фејсбук профил го сподели своето искуство откако со часови остана заглавен на аеродромот во Хамбург чекајки лет кон Скопје преку компанијата Визер.

„Со Визер ни на небо, ни на земја. Треба да леташ од Хамбург за Скопје, На инфотаблата на гејт пишува дека летот ќе доцни! На апликацијата на Визер вели дека ти си веќе во авион и леташ и навреме да стигнеш дома! Никој од патниците не добил известување дека има промена!На страната на скопскиот аеродром пишува дека летот е откажан. Кому да веруваш? А ти седиш во јабана и чекаш некој да ти даде информација, додека вработените на шалтер избегаа зошто ни тие ништо не знаат..Памет за другпат, никогаш Визер. Сподели – сите да знаат како работи Визер“, напиша Антевски во својата објава.

Авиокомпанијата „Визер“ претходно се пофали дека ја заврши минатата година со рекорден број превезени патници (60,3 милиони), што е пораст од над 32 проценти во споредба со 2022 година.

„Визер“ реализирале над 10 илјади лета до и од Македонија во 2023 година, а, во исто време, како што велат од компанијата, ги подобриле оперативните перформанси, достигнувајќи 99,1-процентна стапка на извршени летови.

24.01.2024 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега