НАТО најавува за идната недела најголема воена вежба во изминатите неколку децении

 

Околу 90.000 војници ќе учествуваат во вежбата на НАТО „Steadfast Defender 2024“, најголема во изминатите неколку децении, што ќе почне следната недела и ќе трае до мај, најави денеска врховниот командант на силите на НАТО за Европа, Крис Каволи.

„Алијансата ќе ја покаже својата способност да ги зајакне евроатлантските области со трансатлантското движење на силите од Северна Америка“, изјави американскиот генерал во Брисел по дводневниот состанок на шефовите на одбраната.

Воените трупи кои ќе учествуваат на вежбата, според Каволи, ќе бидат од сојузниците на НАТО и Шведска.

18.01.2024 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега