"Продавам секс зашто тоа е единствената работа во која уживам"

 

Триесетгодишна девојка си ја отвори душата за Дневник и раскажа зошто продава секс. 

- Повеќето луѓе ме викаат ку***, проститутка, но не ми пречи, бидејќи тоа е мој избор, моја работа и мој живот. Но, сепак, јас сум сограѓанка, комшивка, сестра, ќерка, пријателка, но и продавачка на љубов и сексуални задоволства. Имам триесетина години, а веќе 13 години заработувам продавајќи сексуални задоволства. Уште кога наполнив 18 години сфатив дека ниту една друга работа не ме исполнува, вели триесетгодишната девојка за Дневник.

Таа додава дека најтешко и паѓаат садо-мазо барањата бидејќи како што вели не може да ги удира со камшик по задникот и не сака насилство.

Инаку, денеска во 12 часот во Скопје ќе се одржи маршот на Црвениот чадор кој ќе започне од улица Македонија. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. 

17.12.2013 - 09:47
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега