Груби тврди: Беким Незири нема учествувано во физичка пресметка

 

Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече дека е разочаран од упадот во М-НАВ и рече дека тоа било сосема непотребно и ДУИ реагирал со соопштение и дека никој не е над законот.

- Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите. Имам разговарано со Беким Незири и другите кои учествуваа за да ја слушнам нивната страна. Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири. Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг. Ниту настанот се случил во контролната кула. Беким ниту ја отворил вратата да има тепачка. Тој работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ. - рече Груби.

11.01.2024 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега