Конечно спасени луѓето кои беа заробени во пештера во Словенија

 

Конечно се спасени тричленото семејство и двајцата водичи кои ја поминаа ноќта во пештерата Крижна јама, каде што беа заробени трет ден.

Тие од саботата попладне беа заробени во пештера во Словенија откако нивото на водата се подигна, а денеска конечно беа извлечени од таму.

Тие се спасени благодарение на големите напори на спасувачите кои денеска поради падот на нивото на водата им пришле и ги евакуирале надвор.

Евакуацијата траела од 9 до 15:05 часот, кога спасувачите успеале да го извлечат првиот човек на безбедно.

Тие беа заробени во пештерата од саботата попладне по покачувањето на нивото на водата.

08.01.2024 - 15:38
Фото: 
ФБ Jamarska reševalna služba

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега