ОЈО ја чека кривичната од МВР за вчерашниот упад и напад во М-НАВ

Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста.

Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Синдикатот на контролорите на летање пак од среда најавува штрајк и затворање на македонското небо доколку на седницата во вторник Владата не го разреши раководството на оваа државна институција. На состанокот кој синдикатот го одржал вчера доцна вечерта било договорено да се побара од полицијата да го обезбедува објектот за да се гарантира безбедноста на контролорите на летање откако вчера, поголема група упадна во оваа институција и физички нападна еден од вработените.

Синдикатот бара одговорност и од вработените во МНАВ кој им помогнале на напаѓачите и им ги отвориле вратите.

По бурните реакции од јавноста, вчера МВР испрати соопштение дека во полициска станица биле повикани 4 лица поврзани со нападот, а по уште толку се уште се трага. Најавија дека од денеска полицијата ќе ги обезбедува објектот на контрола на летање. 

05.01.2024 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега