Кабинетот на Груби од оаза во која не важи забрана за пушење до простор за прослави со жива музика

 

Кабинетот на првиот заменик на премиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, според досегашните објави, угости политичари, светски и домашни, служеше како простор за партиски прослави, оаза во која не важи забраната за пушење, ниту пак ковид – правилата, послужи и како игралиште за фудбал и кошарка, а годинава ја продолжи традицијата да се прослави роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Лидерот Ахмети денеска со жива музика си го прослави 65-тиот роденден во кабинетот на Груби.

Груби, на својот профил на „Фејсбук“ објави видео од својот партиски лидер Али Ахмети, на кое тој пее албанска народна песна во придружба на музичари со традиционални инструменти.

Но, Ахмети на сличен начин го прослави и својот 62. Роденден. Во време на коронавирусот без маски, без дистанца и без ниту една жена на масата, петнаесетмина високи државни функционери од ДУИ го славеа неговиот роденден во барокната зграда во која се смести Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тогаш објави фотографија од „новиот дом“ на првиот вицепремиер, а подоцна на социјалните мрежи се појавија и слики на кои лидерот Али Ахмети сече торта во истата просторија.

Тогаш сите функционери беа казнети со глоба од 20 евра, а Артан Груби како организатор плати дополнително 500 евра.

04.01.2024 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега