Тасевски по случувањата во М-НАВ: Директорите се плашат за нивните фотељи

Претседателот на синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, потврди дека вчера бил повикан во МВР, каде, како што рече, му била презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори кои поднеле кривична пријава против него и се пожалиле дека им се заканувал.

„Најодговорно тврдам дека соджината на тој мејл ниту има нешто што асоцира на закани. Оценувам дека тенденциозно и намерно тоа се интерпретира така, за да истите информации се искористат против мене како вид на притисок со намера да се откажеме од нашите активности. А преку мене и до Синдикатот на контролорите на летање, а со самото тоа и до сите професионалци кои во изминатиот период покажаа доблест и се дрзнаа да го кренат својот глас и да покажат дека навистина се подготвени да застанат во одбрана на својата професија и да кажат стоп на клиентелизмот и на непотребните и нестручни вработувања“, рече Тасевски.

Според него, последните чекори преземени од страна на инженерите и техничарите кои си дадоа оставки од своите позиции и функции, дефинитвно кај директорите покажале одреден страв, но тој страв, како што рече, не е по нивните животи туку е страв кој се однесува на нивните директорски фотељи.

„Тоа само дополнително им покажува дека ние сме на вистинската патека. И ова што се случи вчера дефинитивно нема да не заплаши“, вели тој.

Најави дека од денеска ќе се започне со депонирање на оставки на контролорите и нивните заменици кои имаат раководни функции а не ја исклучи и можноста од организиран штрајк.

„Не ја исклучуваме можноста да се продолжи повторно со штрајк, нормално тоа нема да биде во наредните неколку дена но верувам дека овојпат нема да биде штрајк на контролорите на летање туку ќе биде штрајк на сите вработени во македонска навигација.“

Навраќајки се на огласот ѕа вработување Тасевски вели дека тој бил доста контроверѕен. Не бил испочитуван временскиот рок. селекцијата била спречена, синдикатот не бил известен за спроведување на огласот и наспроти обврската на работодавачот.

Тасевски нагласи дека ќе биде покрената постапка и ќе се бара оспорување на конкурсот ѕа вработување а ќе се спорат и вработувања на претходни директори.

Побара вклучување и на Трудовата инспекција која треба да ги прочешла сите нерегуларности но и вклучување на Антикорупциската комисија и сите други надлежни институции за случувањата во М-НАВ.

„Треба да покажеме дека не може вака да се продолжи и директорите да работат под притисок кон вработените и кон синдикатот. Со ваков начин на вработување, нека продолжат да работат сами ако се способни за такво нешто. Ова што се случи нема да не заплаши и да не отргне од нашата идеја“, нагласи тој.

04.01.2024 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега