Граѓаните се бесни оти со часови чекаат да се фотографираат за промена на лични документи
Некој си земал гајба, друг си донел столче, трети си фатиле место на клупа, а сите останати ќе си бараат лек за болка во нозете, оти со часови чекале да се фотографираат за промена на лични документи.
И годинава, се повторува сценариото од претходната, пред полициската станица Пролет. Граѓаните се бесни што и денеска долго чекаат да си ги завршат обврските. Има и такви што утрово дошле да си фатат ред од 3 ипол часот.
Вратата се отвора на околу еден час, тврдат граѓаните.
Но редиците не завршуваат овде, откако ќе се фотографираат ќе мора да го поминат и редот за подигнување на готови документи. И пред овие шалтери уште во раните утрински часови се чекаше за подигнување на готовите документи.
Граѓаните се обврзани да ги сменат документите до февруари годинава. Од МВР се децидни дека ги преземале сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи.
„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат документи, а доколку некои од граѓаните не ги променат документите нема да има казни за тоа. Министерството за внатрешни работи, подрачните единици за Управни работи имаат капацитет сите граѓани што имаат претходно закажан термин да ги услужат и да ги примат нивните барања за лични документи. Исто така и пунктот во ПС Пролет, каде граѓаните на Скопје без закажување на термин можат да се фотографираат за нови лични документи“, изјавија од МВР за Сител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа