Лога ја поздравува одлуката на Управен суд за Дамева
Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.
-Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи.Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото, велат од Министерството за правда.
Претходно Управниот суд донесе одлука со која го поништи пучот во Судскиот совет.
Судот потврди дека тужбата на Дамева е уважена, а оспореното решение на Судски совет е поништено.
Одлуката прво ќе биде доставена до странките во спорот, па ќе биде објавена. Согласно одлуката на Управниот суд, тоа значи дека состојбата во судскиот совет треба да се врати пред спорната и одлука.
Одлуката за разрешување на Дамева дојде по иницијатива од тогашниот потпретседал Селим Адеми. Во неговиот тогашен табор е и актуелниот претседател на Советот, Сашко Ѓорѓиев кој го поддржи разрешувањето на Дамева.
Постапката против Дамева беше отворена кога пред Судскиот Совет требаше да почне постапка за дисциплинска одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети затоа што Беџети 9 месеци го држел предметот за масовното прислушување „Тврдина Таргет“ во фиока со што беше овозможено предметот против Сашо Мијалков да се приближи до застарување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа