Караванот на СДСМ во Бутел и Чаир

Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов денеска пред граѓаните на скопските општини Бутел и Чаир ги презентираше мерките од програмата особено оние што се однесуваат на вработувањето на младите и враќањето на ДДВ.

- За младите се предвидуваат посебни мерки за попуст, односно субвенции од страна на Владата за давачките од плата за вработување на млади до 27 години, како и за вработување родители на многудетни семејства, родители на деца со посебни потреби, најранливите групи на пазарот на трудот, изјави Узунов.

Тој рече дека интерес кај граѓаните предизвикуваат и мерките за промена на казните во прекршочната политика, како и за враќање на 15 проценти од ДДВ.

Узунов најави дека нивните тимови продолжуваат со презентација на мерките од програмата пред жителите на скопските општини.

16.12.2013 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега