Прво се скарале а потоа и се степале за паркинг
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, во 10.15 часот ги лишиле од слобода А. Д. (27), А. Д. (21) и И. Д. (48) од Гостивар поради сомнение за нивна инволвираност во физичка пресметка, која се случила на улицата Шуматовска, а во која учествувале и Б. Ј. (24), Ф. Ј. (51) и А. Ј. (27), исто така од Гостивар.
Во пресметката, според пријавеното, бил користен и остар предмет, а причина биле недоразбирања за паркирање на возилата.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира МВР.
26.12.2023 - 14:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа