МекШејн: Грчко-македонскиот спор доказ дека меката дипломатија не ги решава проблемите
Поранешниот министер за Европа на Велика Британија, Денис МекШејн, денеска изјави дека по една деценија од активирањето на „меката дипломатија” во Европа, оваа практика не дала резултат во решавањето на дузина отворени прашања, меѓу кои секако и грчко-македонскиот спор.
Како што јавува МИА, според Мекшејн одбивањето на Грција да работи со Македонија додека земјата не прифати некакво понижувачко име што ќе биде избрано во Атина, е доказ за неуспехот на меката дипломатија.
- Двете најголеми лаги за светската дипломатија на 20-тиот век дојдоа најпрво од Троцки по Руската револуција, кога тој објави дека Советскиот сојуз ќе ја укине дипломатијата и дека наместо тоа, земјата родена со револуцијата едноставно ќе ги објавува сите документи и договори на Министерството за надворешни работи. Втората лага дојде 80 години подоцна, кога Франсис Фукујама објави крајна победа на западна либерална идеологија, кога тој виде раѓање на нова ера на светско заедништво во кое дипломатските договори ќе бидат историја. Но, и Троцки и Фукујама не беа во право оти дипломатијата и грубите рабови на меѓународните односи и понатаму се присутни. Всушност, потребна ни е повеќе дипломатија од кога било досега, посочува МекШејн во неговата анализа за „Глобалист”.
Според поранешниот британски министер, доаѓањето на теоријата на мека моќ ја парализирала Европа и како резултат на тоа, континентот не може да напредува во однос на бројни замрзнати конфликти.
- Тоа ги вклучува: Неуспехот да се донесат Кипар и Турција да напредуваат во однос на окупираниот северен дел на островот, Неможноста да и се помогне на Молдавија за ставање крај на руската окупација на Транснистрија, Руската окупација на Грузија, Косово, каде пет земји-членки на ЕУ се уште одбиваат дипломатско признавање, Одбивањето на Грција да работи со Македонија додека земјата не прифати некакво понижувачко име што ќе биде избрано во Атина, Ќорсокакот во Босна и Херцеговина, Ерменската енклава од Нагорно-Карабах во рамки на Азербејџан,Унгарскито иредентизам со претензии над словачките и романските граѓани, Продолжувањето на терористичките закани во Баскиската земја, Корзика и Северна Ирска, Лилипутанскиот спор меѓу Мадрид и Лондон за Гибралтар,набројува Мекшејн.
- Тешката дипломатија значи пристигнување во главните градови на земјите и кажување на политичките лидери што треба да се направи, како што прави шведскиот министер за надворешни односи Карл Билд од што корист има неговиот народ и Европа воопшто. Тешката дипломатија значи дека да се нема договор е подобро од лош договор, порачува на крајот екс-британскиот министер за Европа во неговата анализа за магазинот „Глобалист”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа