ФОТО: Претседателот Иванов стана член на Светската академија на науките и уметностите
Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска доби сертификат за членство во Светската академија на науките и уметностите. На претседателот сертификатот му го додели претседателот на Светската академија на науките и уметностите проф д-р. Иво Шлаус.
- Академијата му придава огромно значење на образованието, особено на високото образование. Светот денес е многу поразличен од пред 50 или 100 години и токму затоа треба да бидеме подготвени за овој свет. За таа цел ни требаат лидери. Професор Иванов направи напори да развие токму вакво лидерство и да ги научи младите луѓе преку конкретни случаи како да се справуваат со проблемите што го преокупираат светот, нагласи Шлаус.
Претседателот иванов истакна дека е огромна чест и привилегија да се биде дел од Светската академија на науките и уметностите и дека ова признание не е само за него, туку и за сиот македонски народ.
- Ова нека биде пример за сите мои помлади колеги, секогаш да имаат цел во животот и да го достигнат она што во младоста е недостижно. Секогаш кога имаат цел, да се посветат на тоа, затоа што тоа некој го следи иИ вреднува, рече Иванов, посакувајќи Светската академија на науките и уметностите да продолжи со својата мисија и да ги обединува сите умови кои заеднички ќе му понудат на светот многу повеќе просперитет и благосостојба на човештвото.
- Како нов член на Академијата посакувам сите оние искуства и сознанија што ние како мала земја, нација и народ сме ги совладале, да ги пренесеме и на другите и да се користат како позитивни искуства за да може да живееме во еден поубав и попросперитетен свет исполнет со среќа и радост, истакна Иванов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа