Потона „Картелот“ на кејот на Сава: Се почнало со тепачка, евакуирани стотина млади

 

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина млади, меѓу кои и голем број средношколци. Многумина во паника скокале во водата. Евакуирани се 114 лица. Брзата помош згрижила 10 малолетници, додека двајца поради алкохолизам се пренесени во ВМА. Нема жртви, ниту повредени.

Полицијата добила дојава дека сплавот тоне, нешто по полноќ, поради што ангажирани биле 30 пожарникари-спасувачи, со 11 возила и пет специјалистички екипи за спасување и водови, како и голем број припадници на жандармеријата, полицијата и брзата помош.

Брзата помош згрижила 10 малолетници и им ги предала на родителите, а двајца 17-годишници поради алкохолизам се пренесени во Медицинскиот центар. Дежурниот лекар изјави дека голем број млади луѓе биле во алкохолизирана состојба.

Од итната помош велат дека се започнало со дојава за тепачка на сплав.

Од МУП наведуваат дека има индиции дека имало тепачка, но дека истрагата ќе ги утврди сите детали. Како дошло до потонувањето ќе се знае во наредните денови, соопштија од полицијата.

24.12.2023 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега