Нови намалени цени на лековите од позитивната листа

 

Од 19 месецов  Фондот за здравствено осигурување, обезбеди нови намалени цени за лековите од Позитивната листа. За ова денеска на прес-конференција информираше директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева Змејкова.

„Постигнати се досега рекордни 299 генерики на лекови од позитивна листа без доплата во аптеките како резултат на целокупниот процес по кој од сега вкупно 391 лекови по генеричко име од примарната позитивна листа досега 76,5 отсто од лековите за примарна здравствена заштите се обезбедени без доплата за осигурениците, наместо досегашните 73 отсто, што е највисок процент на вакви лекови досега. Вкупниот број на лекови по генерика со референтна цена се збогатува за 15 лекови, вели Змејкова.

Од ФЗОМ денеска најавија и нови 21 терапии за осигурениците за дигесивни пореметувања, кардиоваскуларни заболувања, за тироида лек, антиревматски заболувања, аналгетици, антибиотици, антиинфектив за гинекологија.

Утврдени се референтни цени за нови 20 лекови по генеричко име со фармацевтска форма и јачина, односно нови 110 лекови по заштитено име.

16.12.2013 - 14:32
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега