Говорот на омраза зема голем замав во Македонија

1.076. Ова е бројот на регистрирани случаи на говор на омраза коишто ги нотирал Хелсиншкиот комитет за човекови права од почетокот на годината, заклучно со ноември. Етничката припадност, сексуалната ориентација и родовиот идентитет се темите за кои доминирал вознемирувачкиот говор, особено на социјалните мрежи.

„Забележан е говорот на омраза меѓу двете најголеми етнички заедници во нашата земја, македонската и албанската. Чиста Македонија, голема Албанија, тоа е некој наратив којшто е забележан преку текот на целата година“, изјави Славица Атанасовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Интензивен говор на омраза кон ЛГБТ заедницата бил регистриран во Месецот на гордоста, кога комитетот практично поднесувал најголем број на кривични пријави. Но, досега немало ни една пресуда врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет.

„Заклучно со ноември, Комисијата постапувала според 497 претставки, од коишто половина, 246 се за вознемирувачки говор во медиуми“, појасни Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Коментарите кај кои е забележан вознемирувачки говор честопати се од лажни или скриени профили на „Фејсбук“.

22.12.2023 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега