Кривична пријава против директорот на ЈП „Галичица“

 

Директорот на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид доби кривична пријава поради неосновано работење во службата.Пријавениот, С.Г.(53) од селото Велмеј, општина Дебрца, директор на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид, во текот на 2023 година не извршил надзор и контрола во сметководствената документација помеѓу извештајот за извршен превоз и направени трошоци за возила, како и врз евиденцијата за точено гориво со пристигнатите фактури.

Со тоа тој го оштетил ЈП „Национални шуми“ за износ од 1.079.689 денари.

22.12.2023 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега