Андоновски: Оваа тајност на украсување на град Скопје не е првпат, и лани беше истото
Сите се чудат оваа тајност на украсување на град Скопје и не е првпат и лани беше исто и немаше податоци од каде се средствата, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје на гостување во емисијата За или против на телевизија Алфа.
Андоновски информираше дека има два начини за било што да се направи, тоа е јавна набавка или донација од правно или физичко лице, но таа треба да помине во Советот.
„И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето“, рече Андоновски.
Андоновски се осврна на како што рече една покрупна работа во градот.
„Пристигнат е предлог буџетот за Град Скопје и ниту една советник нема никаква информација за буџетот кој чини 100-тина милиони евра. Таа не кажува ништо, не комуницира никого, а ги немаме ни програмите да видиме за кои проекти се средствата е тоа е проблематично и покажува дека нема никаква комуникација. Советот нема информации за најклучните одлуки имаме, а за буџетот има можност за амандмани“, рече Андоновски.
Според него буџетот е просечен, но она што фрапира е зголемување на долгот, а не гледаме на што се потрошени парите, посебно затоа што нема големи инфраструктурни проекти во надлежност на Градот.
„Ако градоначалничката ги брои како проекти патувањата и панел дискусиите тогаш има проекти. Ама на пример зборува за проект 27 илјади метри квадратни парк во Аеродром јас нов парк не сум видел во општината, таму живеам“, кажа Андоновски.
Андоновски нагласи дека законска обврска за Градот и градоначалничката е пред да земе кредит да дојде да објасни пред Советот.
„Ние свесно го блокиравме задолжувањето затоа што не ни објаснува како да стигнеме до квалитетен навремен превоз, што планира да прави со парите, какви автобуси ќе набавува и слично“, кажа Андоновски.
21.12.2023 - 19:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа