ВМРО-ДПМНЕ: Акцијата за пошумување на СДСМ е копија на „Ден на дрвото“

Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. 

Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“.

Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:
1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено?
2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија?
3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

16.12.2023 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега