Кој ќе не забавува во втората сезона на „Танц со ѕвездите“?
За две недели на Македонската телевизија започнува втората сезона на шоуто „Танц со ѕвездите".
Во втората сезона на шоуто ќе ги видиме водителот Димитар Атанасовски, каратистката Наташа Илиевска, пејачката Сара Мејс, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, музичарот Владимир Крстевски- Франц, моделот Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски и нивните партнери.
Тони Михајловски и понатаму ќе ја забавува публиката како водител на шоуто.
16.12.2013 - 13:51
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа