29-годишниот струмичанец влегол во Бугарија каде живее неговата мајка, велат од МВР
Во јавноста деновиве преку социјалните мрежи беше објавена информација дека е исчезнато младо момче од Струмица и се бараше помош за неговото наоѓање.
Станува збор за 29-годишниот Марко Давчев од Струмица, кој според написите на социјалните мрежи бил исчезнат една недела.
Денеска во врска со овој случај се огласија и од страна на МВР.
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање. Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село“, прецизираат надлежните.
Од МВР појаснуваат дека се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа