Хаос во Скопје: Две деца избоделе 14-годишник
На 13.12.2023, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.35 часот во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишник, соопшти МВР.
Повредениот малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
14.12.2023 - 17:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа