Ковачевски: Како Влада поставивме златен стандард во делот на отчетноста

Премиерот Ковачевски денеска беше присутен на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, во организација на Институтот за комуникациски студии каде даде и изјава за медиумите. Тој изјави дека тие како Влада поставиле златен стандард во делот на отчетноста.

-Ако нешто беше рангирано во 2016 година со 25 проценти отчетност, денеска е 100 проценти и за Владата и за најголемиот дел од министерствата. Со тоа би сакал да заклучам дека ние поставивме како Влада златен стандард во делот на отчетноста, во делот на транспарентноста, во делот на присуството на дебати од страна на претседателот на Владата, министрите, другите функционери што не беше случај во минатото и сметам дека ова златен стандард значи дека во иднина нема да има влада која што нема да се одзива на поканите коишто ги прават вакви реномирани институти, а на теми коишто навистина се предизвикувачки, меѓутоа коишто со својата дебата ќе го унапредат нашето општество во многу делови, особено во делот на транспарентноста и отчетноста кои пак одат заедно рака под рака и со владеењето на правото и со унапредувањето на институциите, рече тој.

Тој беше запрашан и за тоа кој ќе го заземе првото место, ДИК, Алијанса или Беса, рече дека тоа е работа на Парламентот.

-Владата не именува членови на ДИК и единствен одговор можете да добиете во Собранието на државата и во Комисијата за избори и именувања каде што мислам дека веќе е и отворена дебата во однос на пополнувањето на ДИК, изјави Ковачевски.

12.12.2023 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега